Креативните идеи на учениците, наставниците и родителите наградени од Општина Карпош

Училишниот двор на нашето училиште доби нов лик. Сето тоа благодарение на имагинацијата на  наставниците и учениците. Младите креативци со помош на нивните наставници и дел од родителите училишниот двор го претворија во катче во кое доминираат прекрасни клупи, корпи за рециклирање, корпи за отпадоци, маси за настава  музички ѕид. Ангажманот на сите инволвирани страни не беше залуден. ООУ" Вера Циривири – Трена"ја доби втората награда на Јавниот повик за "Најдобро уреден ЕКО училишен двор"

slika1 slika2