МИО соработка со ОУ” Јахја Кемал”

Со цел продлабочување на мултиетничката интеграција во образованието и подигање на свеста за позитивни страни на мултикултурната кохезија, денес на 20.10.2022 година нашето училиште потпиша меморандум за соработка со ОУ” Јахја Кемал”. Согласно МИО реализирани се спортски игри под мото: Подај рака! При тоа учениците спортуваа, взаемно се бодреа, разменуваа искуства, се дружеа и играа. Преку спортскиот дух се изградија нови пријателства. Спортските игри изминаа во ведра, весела и спортска атмосфера со договор за наредни заеднички активности.

сл1 сл2 сл3 сл4 сл5 сл6 сл7 сл8 сл9 сл10 сл11 сл12