Одбележување на 8-ми Декември,Св.Климент Охридски

По повод утрешниот празник 8-ми Декември,Св.Климент Охридски, учениците во нашето училиште ООУ "Вера Циривири-Трена", твореа,рецитираа и подготвија презентации. Поголемите другарчиња со пригодно подготвена приредба говореа за важноста на делото на Св.Климент Охридски, следбеникот на Браќата Кирил и Методиј. Продолжувачот на нивното дело, патрон на градот Охрид, и Епископ Велички. Рецитираа стихови од Славко Јаневски "Климент". Ја слушаа химната посветена на Св.Климент! Во рамките на приредбата во холот имаше и изложба на цртежи инспирирани од ликот и делото на Св.Климент Охридски." Приредбата ја подготви предметниот наставник по македонски јазик и литература, м-р Матилда Бајкова, Изложбата ја подготви предметниот наставник по ликовно воспитување, Даниела Илиева Стојчева.

сл1 сл2 сл3 сл4 сл5 сл6 сл7

Честит празник!!!