Соработка со Полициската станица – Карпош
Стручните лица од Полициската станица – Карпош, го прифатија повикот за соработка на Клубот за превенција од насилство на нашето училиште. На 26 и 27.01 се сретнаа и дискутираа со учениците од 8 и 9 одделение. Тема на дискусијата беше насилство, со посебен осврт на казнените одредби за предизвикувачите и сторителите на насилство. Учениците покажаа особен интерес и активно учествуваа во дискусијата.