Полициската станица – Карпош, ги подучува најмалите
Денес 01.02.2023 година во соработка со родител-стручно лице од Полициската станица – Карпош, се одржа предавање пред учениците од IIIв одделение на тема: Безбедноста на децата во и надвор од училиштето,, и ,,Позитивни и негативни страни на интернетот и насилство преку социјалните мрежи,,. Учениците покажаа особен интерес и активно учествуваа во дискусијата на дадената тема.