Партнерства за зачувување на дивиот свет

По повод одбележување на Светскиот ден на дивиот свет со мотото Партнерства за зачувување на дивиот свет, и годишнината од Конвенција за меѓународна трговија со загрозени видови на дива фауна и флора, 11 ученици од 5 и 6 одделение заедно со наставник ментор Дивна Карапанчева беа дел од настанот организиран во Зоолошката градина во Скопје. На настанот учениците имаа можност да ја разоткријат мистеријата за тоа како се прогласуваат животните за загрозени, кои се заканите со кои треба да се справиме при што нашите ученици самите предлагаа начини за спречување на илегалната трговија со диви видови. 

Настанот беше организиран во рамки на проектот финансиран од Европската Унија "Подобрување на капацитетите за Натура 2000 и CITES", со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање и Делегацијата на Европската Унија, и локалните партнери на проектот Македонското еколошко друштво и Фармахем.

sl1 sl2