Младите истражувачи

На 4 Март во Стаклената градина учениците од биолошката секција Млади биолози заедно со наставник ментор Дивна Карапанчева беа домаќини на работилница насловена “Што јадеме и што пиеме?” организирана од Креативен Центар Карпош и предводена од м-р Томе Несторовски. На работилницата беа присутни ученици и наставници од повеќе училишта од општина Карпош.

Учениците имаа можност да докажуваат присуство на хлориди во вода за пиење кој е присутен заради нејзина дезинфекција, потоа амонијак и нитрити во вода кои не смее да ги има заради нивната токсичност. Освен вода, учениците докажуваа скроб во различни производи, редуцирачки шеќери во мед, а предмет на анализа за присуство на различни елементи беше и пепелта.

sl1 sl2 sl3