Работилницата „Сееме и садиме„

Младите биолози од нашето училиште предводени од наставник ментор Дивна Карапанчева повторно ги споделуваа своите знаења и беа домаќини на работилницата „Сееме и садиме„ организирана од Креативен Центар Карпош во нашата Стаклена градина на 13 Мај. На работилницата беа присутни ученици од повеќе основни училишта од општина Карпош.

Работилницата беше посветена на вегетативно размножување при што учениците имаа можност на неколку креативни групи да стекнат нови вештини меѓу кои и правење на вертикална градина, правење на самонаводнувачки саксии, садење на различни семиња, садење на пченица на различни подлоги и други активности. На крајот од работилницата, професорот Зоран Поповски ги запозна учениците со современите технологии на размножување на растенијата и генетски модификации.

sl1 sl2 sl3 sl4