Oдбележувањето на 60 – годишниот јубилеј на нашето училиште “Вера Циривири – Трена”

Море од емоции, воздишки до бескрај, радосни ученици, насмеани родители, горди наставници. Ова е краткото резиме од одбележувањето на 60 – годишниот јубилеј на нашето училиште "Вера Циривири – Трена".Благодарност до сите ученици, наставници и родители кои учествуваа во креирањето на едночасовна претстава испреплетена со глума,музички и фолклорни точки. Пораката која ја испративме е силна и јасна. Секоја генерација си има свои специфики во растот, развојот и воспитувањето, но целта на нас како наставници и родители е да им ги всадиме вистинските вредности и етички норми, затоа што само така нашите ученици можат да се оформат во ментално здрави личности.sl1 sl2 sl3 sl4

sl1 sl2 sl3 sl4 sl5 sl6 sl7