Државен натпревар по Биологија

 

Учениците од ООУ “Вера Циривири – Трена” на 20 мај 2023 година, под менторство на наставничката по Биологија и Природни науки Дивна Карапанчева земаа успешно учество на натпреварот по Биологија за учебната 2022/23 година на државно ниво. Натпреварот беше организиран со физичко присуство на Природно – математичкиот факултет во Скопје. Нашето училиште се гордее со резултатите на учениците. Учениците го завршија државниот натпревар со следните успеси:

9 одделение:

– Јасна Богдановска – II награда


8 одделение:

– Ема Маневска – I награда
– Андреј Гацоски – II награда
– Марија Мирческа – III награда
– Јана Ѓорѓијевска – Пофалница
– Матеа Секулоска – Учество