Посета на Институтот за хемија

 

Во сабота на 18.11.2023г  на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје домаќин на младите креативци од КЦК беше проф. д-р Методија Најдоски. Шеснаесет ученици од основните училишта во нашата општина, од кои десет соученици со наставничката по биологија Дивна Карапанчева од ООУ „Вера Циривири -Трена„,  се запознаа со хемијата на гасови преку десетина експерименти кои сами ги изведуваа. Се создаваа ракетчиња, се правеа мешавини, а малку и се разговараше за кислородот, водородот, азотот и неговите оксиди. Се потсетивме каков е составот на воздухот и каква е улогата на гасовите кај живите организми. 

сл4 сл3 сл2 сл1