Награди по повод празникот Св.Климент Охридски

По повод празникот Св.Климент Охридски кој се празнува на 8-ми Декември, Библиотеката "Браќа Миладиновци", објект Другарче, објави литературен конкурс со тема: " Иднината од моите соништа". Како и секоја година така и оваа, учество земаа и ученици од нашето училиште и се закитија со награди.
Прво место(поезија) Марта Караева, 8-б, две втори места за ученичките Ангела Стојаноска од 7-б, и Миа Ромева 8-б исто за поезија, под менторство на проф.м-р Матилда Бајкова, и три трети места (поезија), Леонтина Илиќ 9-а, Илина Милановска 9-а, и Донка Китанова 6-б, ментор Ана Кралевска.
Традиционално на овој настан настапија членовите на Драмската секција "Глумци од утре" од ООУ Вера Циривири -Трена, со различни точки, едночинката "Озборувачки", текст на Татјана Гогова, и ритмичка точка -Винтиџ денс, како и соло музички настап на Нела Манчевска со песна од Александра Јанева"Еве ме пак". Драмската секција е под водство на проф.м-р Матилда Бајкова.
Честитки до сите ученици од нашето училиште и менторите.