Работилница Стаклена градина

На 23 декември домаќин на работилница беше токму нашата Стаклена градина со ученици од повеќе училишта од општина Карпош. Организирана од страна на наставник ментор Дивна Карапанчева, заедно со КЦК и учениците од биолошката секција на нашето училиште, учениците имаа можност да научат повеќе за историјата на стаклените градини, да се запознаат со најпознатите стаклени градини како и да ја слушнат приказната за нашата стаклена градина. Учениците имаа можност да се дел од различни активности како правење мини стаклени градини од рециклиран материјал и правење на терариум, додека паралелно во предновогодишна атмосфера учениците беа дел од активностите на правење новогодишни украси од природни материјали и лампиони ирваси од шишарки, како и новогодишни икебани и садење на божиќна пченица. Со оваа работилница ја затворивме сезоната 2023та на учење преку пракса во нашата стаклена градина, и најавуваме уште повеќе разновидни работилници во новата 2024 година.