Проектот ,,Заживување на францускиот јазик во Република Македонија“

Нашето училиште ,,Вера Циривири-Трена“ е едно од неколку училишта во Македонија кое е во проектот ,,Заживување на францускиот јазик во Република Македонија“. Љубовта кон францускиот јазик наречен ,крал на јазиците“ отсекогаш постоела и се одржувала кај учениците од нашето училиште

Учениците од Vа и Vб одделение, под раководство на одделенските наставнички Маја Чинго и Сузана Аспровска се вклучени во проектот и во текот на изучувањето постигнуваат завиден успех. На 30.1.2024 година одржаа работилница под раководство на наставничката по француски јазик Александра Ристовска на тема ,,Главните француски откритија во новото време“. Со голема заинтересираност, љубопитство и ентузијазам учениците ги продлабочија своите знаења од областа на културата, природните науки, медицината, техниката. Работилницата која беше интерактивна беше проследена со голем интерес од страна на учениците а и од нас присутните. Се надеваме дека во иднина ќе продолжат овие интересни работилници со цел продлабочување на знаењата и внесување на љубов кон францускиот јазик кај учениците.