Општински натпревар по Природни науки

Учениците од ООУ “Вера Циривири – Трена” на 23 февруари 2024 година, под менторство на наставничката по Биологија и Природни науки Дивна Карапанчева, наставничката по Географија и Природни науки Ленка Ѓоргоска, и одделенксите наставници Анита Петровска и Ана Видоевска – Динева земаа успешно учество на натпреварот по Природни науки за учебната 2023/24 година на општинско ниво. Натпреварите беа организирани онлајн при што менторите беа задолжени за спроведување на натпреварот во училиштето. Од учениците, 17 ученика се рангирани да продолжат на регионалните натпревари. Учениците го завршија општинскиот натпревар со следните успеси:

VI одделение

·        Оливија Софеска – II награда

·        Анастасија Николова – II награда

·        Бојан Тодоровски – II награда

·        Дамјан Сиваков – II награда

·        Антонија Лола Ефремова – II награда

·        Калин Ќосевски – III награда

V одделение

·        Матеј Маневски – I награда

·        Дарјан Докузовски – I награда

·        Катја Христовска – I награда

·        Јана Ставревска – II награда

·        Јоана Аврамовска – II награда

·        Арсениј Манов – III награда

IV одделение

·        Нина Михајлоска – I награда

·        Виктор Ѓорѓиевски – II награда

·        Марко Нешовски – III награда

·        Борис Димовски – III награда

·        Симона Крстевска – пофалница