Љубовта кон францускиот јазик  постоела и ќе постои

Учениците од Vа и Vб одделение, под раководство на одделенските наставнички Маја Чинго и Сузана Аспровска се вклучени во проектот ,Заживување на францускиот јазик во Република Македонија“, кои во текот на изучувањето постигнуваат завиден успех. На 27.02.2024 година одржаа работилница под раководство на наставничката по француски јазик Александра Ристовска на тема ,,Француската литература“. Со голема заинтересираност, љубопитство и ентузијазам учениците се запознаа некои од најубавите пера од областа на француската литература. Преку пишаните зборови на француските писатели низ разни епохи Молиер, Виктор Иго, Жил Верн , и со помош на дополнителни средства за едукација, тие спознаа нови сознанија за Франција, за животот во Франција  Животот сведочи за себе преку сопственото сведочење. Животот е енергија која се шири низ нас. А како ќе го проживееме, пропатуваме зависи од нас. Како што би рекол Антоан де Сент-Егзипери   „Најубавите работи на светот не се гледаат или допираат, тие се чувствуваат со срце.“

Моменти од работилницата и реакциите на учениците од Vа и Vб одделение, од о.у.,,Вера Циривири-Трена’’. Љубовта кон францускиот јазик  постоела и ќе постои.