Младите биолизи и тајните на пиротехниката

Вообичаено, активностите на Креативен Центар Карпош се одвиваат претпладне, но оваа саботна приквечерина младите биолози заедно со наставничката Дивна Карапанчева беа угостени од нашиот долгогодишен аниматор и пријател, професорот Мето од Институтот за хемија при Природно Математичкиот Факултет во Скопје. Тој е “виновникот” за најголем дел од визуелните и звучните пиротехнички ефекти на македонската филмска и театарска сцена. Тој со креативците на 16.03 сподели дел од својот светлечко-пукачки репертоар користејќи најразличи материјали и направи. 

На почетокот тој во амфитеатарот ги запозна учениците со основите на пиротехниката демонстрирајќи експерименти во кои користеше барут и нитроцелулоза. Потоа се префрлија во неговата лабораторија во која под негов надзор сите ученици правеа светлечко-пукачки експерименти кои продолжија во ходникот. Оваа спектакуларна ноќ  заврши со мини-огномет на отворено кој тие го набљудуваа од библиотекатата.