Одбележување на неделата на сајбер безбедност во училиштата
По повод неделата на сајбер безбедност во училиштата, ООУ Вера Циривири – Трена имаше прекрасна соработка со Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ како партнер на проектот MKSafeNet, одржи интерактивна и едукативна презентација пред 43 ученици од 8 одделение во нашето училиште. Преку игри, дискусии и практични примери, заедно разговаравме за важноста на безбедноста на интернет, заштита на личните податоци и препознавањето на потенцијалните ризици. Учениците имаа инспиративни прашања и идеи за тоа како да останат безбедни онлајн.


