Посета на Биотехнолошката лабораторија во СУГС,,Марија Кири Склодовска”
На 14.03.2025г. ученици од 7 и 8 одд беа во посета на Биотехнолошката лабораторија во СУГС,,Марија Кири Склодовска” во Скопје.Тие имаа можност да реализираат интересни експерименти за преработка на биоотпад и негова трансформација во биодизел,пектин и биопластика.Преку оваа работилница учениците стекнаа практични знаења за управување со органски отпад и остварување на одржлив развој.



