Регионален натпревар по Природни науки
Учениците од ООУ “Вера Циривири – Трена” на 4 април 2025 година, под
менторство на наставничката по Биологија и Природни науки Дивна Карапанчева, како и наставниците по Природни науки во 5 одделение Ленка Ѓоргоска и Валентина
Пешевска, како и наставничката по Природни науки во 4 одделение Алмедина
Адемовска земаа успешно учество на натпреварот по Природни науки за учебната 2024/25 година на регионално ниво. Натпреварите беа организирани онлајн при што менторите беа задолжени за спроведување на натпреварот во училиштето. Според резултатот на учениците, 7 ученици се пласираа на државниот натпревар. Учениците го завршија регионалниот натпревар со следните успеси:
VI одделение
– Дарјан Докузовски – I награда (пласман на државен натпревар)
– Бора Аго – II награда (пласман на државен натпревар)
– Јоана Аврамовска – II награда (пласман на државен натпревар)
– Јана Ставревска – II награда (пласман на државен натпревар)
– Матеј Маневски – III награда
– Јоана Кимовска – III награда
V одделение
– Нина Михајлоска – I награда (пласман на државен натпревар)
– Виктор Ѓорѓиевски – III награда
– Катерина Секулоска – III награда
– Зои Голчева – III награда
– Анна Леони Вон Дер Форст – III награда
– Борис Димовски – III награда
– Стефан Ангелески – III награда
– Никола Точко – Пофалница
IV одделение
– Мартин Брашнарски – I награда (пласман на државен натпревар)
– Ана Марија Темова – II награда (пласман на државен натпревар)