Симулативна вежба за евакуација во случај на опасност
На ден 15.04.2025година, во нашето училиште се реализираше симулативна вежба за евакуација во случај на опасност. Учениците претходно проследија презентација преку која се запознаа со протоколот за безбедна евакуација. Вежбата се реализираше со поддршка на одговорни лица од Општина Карпош. Сите вработени и ученици се евакуираат за 84 секунди.




