Monthly Archives: ноември 2024

Почестени како дел од Караванот „Тоше за овој свет“

Многу енергија, емоции и сеќавања меѓу сите нас предизвика Караванот „Тоше за овој свет“ кој денеска гостуваше во нашето училиште „Вера Циривири – Трена“, а поводот е одбележување на 20 години од членството на Тоше во УНИЦЕФ Регионален и Национален Амбасадор на Добра волја.

Преку игра и песна учениците го потенцираа значењето и делото на Тоше Проески. Тоше останува да биде пример за сите нас, за тоа како треба да се однесуваат младите луѓе и кои вредности треба да ги негуваат.

Ние сме посебно почестени што „Вера Циривири – Трена“ е единственото училиште во Скопје кое е дел од Караванот „Тоше за овој свет“

Посета на Саемот на креативните индустрии

На 25.11.2024г ученици од нашето училиште заедно со наставничките Гордана Ѓорѓиевска и Јасмина Сретеноска беа во посета на Саемот на креативни индустрии каде можеа да ги видат новите иновации создадени во земјава и странство и новини во иднината на технологијата со цел поттикнување да истражуваат , да размислуваат креативно и критички и да се инспирираат за кариери во STEM (наука, технологија, инженерство и математика), креативните индустрии и уметноста.

Ноември – месец на науката 2024

Денешниот ден 23.11.2024г учениците од нашето училиште заедно со наставник – ментор Дивна Карапанчева го надополнија со уште едно успешно учество на настанот „Ноември – месец на науката 2024„ каде сите од учениците учествуваа со свои експерименти на истоимениот натпревар. Нашето училиште учествуваше со 7 тимови ученици со свои експерименти кои ги презентираа на Природно – математичкиот факултет во Скопје. Следните ученици освоија и соодветни награди за своите презентации:

Природни науки:

– Јана Ставревска – 6 одделение – прва награда

– Бора Аго – 6 одделение – прва награда

– Александар Димитровски – 4 одделение – прва награда

– Нина Михајлоска – 5 одделение – втора награда

– Матеј Маневски – 6 одделение – втора награда

Биологија:

– Александра Димитрова – 8 одделение – трета награда

– Дариа Ева вон дер Форст – 8 одделение – трета награда

Учество зема и ученикот Александар Димитровски од 4 одделени под менторство на наставник Алмедина Адемовска

ПОФАЛЕНИ УЧЕНИЦИ

ПОФАЛЕНИ УЧЕНИЦИ

Прво тримесечие од учебната 2024/2025 година

  1. Војдан Паламидовски IV а
  2. Евгенија Ристовска IV а
  3. Мартин Брашнарски IV б
  4. Деница Кналијан Станкова IV б
  5. Калина Каланоска V а
  6. Кристијан Новески V а
  7. Вук Периќ V б
  8. Марио Саздовски V б
  9. Матеј Јакимовски V в
  10. Зои Голчева V в
  11. Јана Ставревска VI а
  12. Арсениј Манов VI а
  13. Бора Аго VI а
  14. Матеј Маневски VI б
  15. Димитар Спасов VI б
  16. Јоана Кимовска VI б
  17. Антонија Лола Ефремова VII а
  18. Тамара Несторовска VII а
  19. Јана Андреевска VII б
  20. Донка Китановска VII б
  21. Дамјан Сиваков VII б
  22. Александра Димитрова VIII а
  23. Нела Манческа VIII б
  24. Матеј Сиваков VIII б
  25. Ангела Стојановска VIII б
  26. Кала Станкова VIII б
  27. Калина Добреска IX а
  28. Јована Несторовска IX а
  29. Јана Николова IX a
  30. Maрта Караева IX б
  31. Ана Ѓуровска IX б
  32. Матеа Мирческа IX б
  33. Калија Ѓеорѓиевска IX б

Лига на млади таленти

На ден 16.11.2024 г. во спортската сала Форца се одржа одбојкарски турнир ” Лига на млади таленти ” каде што зеде учество училишниот спортски клуб ” Циривири “
Противник на нашиот клуб беше екипата на ” Мастерс Волеј ” каде во неизвесен натпревар победата ја понесе нашиот спортски клуб ” Циривири “
Со резултат 2:1 во сетови.
Одбојкарките изиграа одличен натпревар, ги покажаа своите одбојкарски способности кои беа на високо ниво.

ГРАН ПРИ награда на 57. Детски Рацинови средби

Детски Рацинови средби

„ Мене и душата ми е црвена“ – Рацин

Чест е да бидеш во градот на Рацин, чест и привилегија е да бидеш дел од  Рациновите средби, а огромно задоволство е да твориш за Рацин и да бидеш најдобар меѓу најдобрите.

Донка Китанова ученичка од 7б одд., под менторство на Ана Кралевска, се закити со највисоката Гран при награда на меѓународниот поетски  конкурс  на 57. Детски Рацинови средби. Браво Донка!

„Мене и душата ми е црвена“ – Рацин

Другарки и другари!

Во душава на сите алово ни жари! Срцето ни крвари!

крвта ни струи, слушајќи го чукањето на дамарите,

Гладна ни е душата, празни амбарите!

За неправдата што работниците ги снајде,

                                                  од утро до мрак, ‘рмбајќи, сѐ  дур с‘нце не зајде.

Бедни маки, за корка леб на сите Рудари,

без право на глас и само намачени удари.

Копачите и Тутуноберачите со наведната глава мака мачат,

не можат да се исплачат,

сакајќи го цел свет братски

без никакви поделби, во плач аргатски.

Но,не! Нема вечно ова да трае,

и македонскиот народ да чмае,

народот мора да знае,

сонце повторно ќе огрее и сјае,

силно ќе светне денот и никој за слобода нема да мечтае!

Ќе победиме!!!

За слобода обвиена со црвеното знаме,

И еднаквост на сите, раме до раме.

За достоинствен живот на секој, без јадна мака

со црвена петокрака и волја јака!

Ќе победиме!!!

Со крената глава и силен глас

Белите мугри ќе огреат силно,

на македонска земја црвени знамиња ќе завеат милно,

за борбата, за подобро утре, сите ќе запеат силно.

Духот кој избива со децении од Рациновите писанија,

во сето негово црвенило и духовни востанија,

со желба за слобода, во немилосрдна војна против тиранија,

македонскиот јазик и битие го одбранија!

Да знаеме кои сме и што сме нé обзнанија!

Донка Китанова 7б одд.

ООУ ,,Вера Циривири Трена” Карпош, Скопје

Ментор: Ана Кралевска

КРЕАТИВЦИТЕ ЕКСПЕРИМЕНТИРАА ВО СТАКЛЕНАТА ГРАДИНА НА КЦК ВО ВЦТ

Денешното саботно утро 16.11.2024г учениците на КЦК го поминаа во нашата Дигит-Био Градина во ООУ Вера Циривири – Трена. Под водство на наставник ментор Дивна Карапанчева и со помош на Даниел Николовски, 20те ученици – научници се запознаа со нови дигитални алатки на Биологијата и иновативното образование.

Со скенирање на QR кодови најпрво учениците отвораа квизови на темите од фотосинтеза и го утврдуваа своето знаење. Потоа продолживме со идентификување на растенија преку дигитални апликации, но и мини Escape-Room каде беше потребно од дадени кодови, учениците да ги отворат фотографиите од растенија и да ги бараат низ стаклената градина. Практична работа вклучуваше набљудување на интензитет на фотосинтеза со водни растенија во епрувети, изработка на различни форми од алуминиумска хартија врз листовите на растението Dracaena за следење на влијание на светлина при фотосинтеза, како и изработка на самонаводнувачки саксии во кои учениците насадија пченица и гравче и ги земаа со себе за да го набљудуваат нивното растење и дома. Работилницата ја завршивме со играње на мобилна апликација во која трчајќи ги собираме елементите на фотосинтезата и постигнуваме различни нивоа.

Во новата ера на дигитални технологии, КЦК ги воведува учениците во научните содржини преку нови иновативни алатки.

Го запознаваме и истражуваме растителниот свет

Растенијата како дел од природата ги има насекаде околу нас. Со цел да се запознаат со нивната разновидност, децата од објектот Н.Н.Борче беа во посета на стаклената градина на училиштето “Вера Циривири- Трена” и во Природо – научниот музеј – Скопје каде што се дружеа со едукатори, но и ученици кои придонесоа да ги збогатат знаењата за растителниот свет и ја поттикнаа детската љубопитност истиот да го истражат.

Стоп за врсничко насилство -Биди пријател

Во соработка со родителката Стела Пијананова Стојановска во II a се одржа работилница на тема ,, Стоп за врсничко насилство “-Биди пријател.Откако ја проследија презентацијата , децата преку игра демонстрираа емпатија преку љубезен вокабулар, се со цел љубезното однесување да биде дел од нивното секојдневие.Насмевките и убавото однесување на децата не инспирираат за понатамошни активности и соработки со родителите.

Одбележување на 13-ти Ноември

Нашите учениците од изработија проект по повод 13 ти ноември ослободување на Скопје.

По повод 80 г. Од ослободување на Скопје со ученици од 9а присуствувавме на настан кај споменикот на Првиот Скопски партизански одред, на вториот дел од настанот учениците засадија дрвца – црвен јавор