Саем на наука „Науката и јас“

🔬 Нашите млади научници на 11. Саем за наука „Науката и јас“!

На 29 октомври, ООУ „Вера Циривири-Трена“ учествуваше на 11. Саем за наука „Науката и јас“, кој се одржа во ООУ „Кочо Рацин“ во Скопје. Саемот го организира Македонија2025 во рамки на Програмата за влијание на заедницата на Џонсон Мети. Нашето училиште го претставуваше тим ученици од биолошката секција, предводени од наставник советник Дивна Карапанчева.

Нашите ученици ја воодушевија публиката со експериментите што сами ги изработија и со тоа колку јасно ги објаснуваа. Покажаа како се издвојува ДНК од банана и како млекото се претвора во биопластика, ги објаснија фотосинтезата и алтернативните извори на светлина, влијанието на загадувањето и водните струи врз водниот биодиверзитет, а преку QR-кодови ги запознаа посетителите со ендемските видови. Одговараа на прашањата на посетителите со знаење, самодоверба и многу ентузијазам и покажаа дека науката е најинтересна кога се учи низ пракса.На саемот учествуваа ученици и наставници од седум основни училишта од државата.

Им честитаме на нашите ученици и на нивниот ментор за одличната презентација и стекнатите сертификати. Горди сме на нашите млади истражувачи и со нетрпение ги очекуваме следните научни предизвици! 🧪🌱

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.