30 години од Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности

30 години „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“ 🎈✨

На 20.10.2026 година, претставници од нашето училиште учествуваа на свеченоста по повод одбележувањето на 30 години од програмата „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“. На овој јубилеен настан беа доделени благодарници на нашите ученици волонтери и одговорни наставници. 👏

Нашите ученици учествуваа со проектот „Рачни изработки“. Средствата што беа собрани во текот на 5 собирни акции беа употребени за помош на семејства од социјален ризик. 🤝❤️

Ученици кои изработија проект за хумани вредности и добија благодарници: 📜🏆

  • Лина Ѓорѓиевска
  • Мила Караева
  • Дани Апостолова
  • Анамарија Кировска

Одговорни наставници: 👩‍🏫

  • Валентина Пешевска
  • Дивна Карапанчева
  • Лила Трпчевска

На настанот присуствуваше и наставничката Даниела Илиевска Стојчева, како соработник во ликовните конкурси во Црвениот крст. 🎨

На настанот присуствуваа и родители на наши ученици. Посебна гордост за нашето училиште е нашиот поранешен ученик Александар Анастасов, кој продолжи со својата хуманитарна работа во Црвениот крст и во средното образование. 🌟

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.