„Уметноста на бавното растење“ – два дена посветени на училишните градини
Како да им ги доближиме на учениците лековитите и ароматичните растенија?
Како да осмислиме градина во која ќе има место и за одгледување растенија и за учење преку игра?
На овие прашања им се посветивме на семинарот „Уметноста на бавното растење“, што се одржа на 20 и 21 ноември во Велес, во организација на Слоу фуд Македонија.
Нашето училиште, ООУ „Вера Циривири – Трена“, го претставуваше м-р Матилда Бајкова, координаторка на училишната градина. 🌱
Програмата вклучи практични работилници, презентација на едукативна игра и „градинарски муабети“, на кои координаторите од различни училишта споделија искуства од своите градини. 🌿
Благодарност до Слоу фуд Македонија за можноста да учиме едни од други!















Поврзани содржини