Прва награда за Луна Ѓорѓијевска на 59. Рацинови средби во Велес!

Со особена гордост и радост го споделуваме успехот на нашата ученичка Луна Ѓорѓијевска од VII-б одделение, која е добитничка на првата награда на овогодинешниот литературен конкурс во рамките на 59. Рацинови средби, манифестација посветена на поетскиот збор и книжевното наследство на Коста Солев Рацин, во неговиот роден град Велес.

Темата на овогодинешниот конкурс беше „Моето и Рациновото подобро утре“, а Луна се претстави со својата поетска творба со наслов „Кога две утра ќе се сретнат“.

Во 24 стиха, распоредени во шест строфи, Луна демонстрира извонреден поетски сензибилитет, зрелост во изразувањето и особен слух за сите белези на лирско-рефлексивниот поетски исказ. Нејзината творба е уште една потврда за талентот, креативноста и љубовта кон пишаниот збор.

Вреди да се истакне дека ова не е прво литературно признание за Луна, чиј поетски пат веќе е обележан со награди и успеси.

Честитки за Луна!

Оваа престижна државна награда претставува голема чест за нашето училиште, особено во годината кога Велес, градот на Рацин, го слави својот јубилеј.

Ментор на ученичката е м-р Матилда Бајкова.

Нека продолжи да расте и да се развива поетскиот свет на Луна, затоа што секое големо утре започнува со еден искрен стих!

Браво, Луна! Горди сме на тебе! 🌹

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.