Учениците од 2 одделение се едуцираа на една многу важна тема, а тоа е како кучето и детето да бидат весели и безбедни пријатели. Тие слушнаа и научија како и од кога кучето и човекот живеат заедно и кои се заедничките придобивки, како кучето нешто ни кажува, како се однесуваат кучињата скитници, како да препознаеме болно куче и како најбезбедно да пристапиме на куче.
Ученици што имаат кучиња споделуваа искуства и сите се израдуваа на далматинецот Домино, главниот лик на денешната работилница. Ви благодариме “За подобар свет” на убавата средба.