Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во соработка со ООУ „Вера Циривири Трена“, го одбележа Денот на Св. Климент Охридски со креативна активност во училишните простории. Учениците изработија тематски пораки поврзани со Еразмус+, eTwinning и зборот „Љубов“ испишани на глаголица – азбуката на која творел големиот просветител Климент Охридски. Во проектот учествуваа ученици од VII и VIII одделение со наставничките Ана Кралевска и Даниела Илиевска Стојчева. Настанот претставува убав спој на европските образовни вредности и македонската културна традиција, нагласувајќи го значењето на љубовта кон знаењето и писменоста.