Емпатија и став кон другите 12 02 2026

Емпатија и став кон другите

Во рамки на Клубот за превенција на насилство, под водство на училишниот психолог, се реализираше работилница на тема „Емпатија и став кон другите“. Учениците учествуваа во рол-плеј игри, при што се ставаа во улога на жртва и на сторител на насилство, а потоа заеднички дискутираа за своите чувства и доживувања.
Преку оваа активност учениците имаа можност да ги препознаат и разберат емоциите на другите, да развијат поголема емпатичност и да увидат колку е важно однесувањето да биде засновано на почит и разбирање. Целта на работилницата беше зголемување на емпатијата како клучен чекор во превенцијата на насилството и градењето позитивна училишна клима.

Вера Циривири Лого 200
Политиката на приватност

Како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе