Безбедна училишна средина – ЕКО двор со порака за почит и пријателство
На 03.04.2026 год., во нашето училиште се одржа свечен настан по повод отварање на новото ЕКО катче, реализирано во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“. Учениците, заедно со наставниците и стручната служба со заедничка работа, ентузијазам и посветеност го создадоа ова катче. Уредениот ЕКО двор со изработки од рециклиран материјал преку креативност и ангажираност ќе биде извор на сигурност, прифатеност и радост.
Во дворот поставивме и табли со пораки против булингот кои не се само зборови, туку и правила на однесување. Со почит, разбирање и поддршка создаваме место каде што нема страв туку насмевки. 🌱🌿🌴🍀







Поврзани содржини