Кога детската креативност зборува со јазикот на благодарноста…
По повод Светскиот ден на учителот, учениците од нашиот клуб на млади библиотекари, под менторство на наставничката Сузана Илиќ, преку креативна работилница создадоа прекрасни творби посветени на оние што секојдневно го осветлуваат нивниот пат – нивните учители. 🌟
Со многу љубов, почит и благодарност, учениците ја преточија својата инспирација во дела што потсетуваат колку е значајна улогата на учителот во животот на секое дете.
🏆 Со особена гордост ги споделуваме избраните ученички творби, која преку детската искреност и креативност ја пренесуваат пораката за почитта кон учителскиот повик.
„Добриот учител е како свеќа – се троши себеси за да им го осветли патот на другите.“
❤️ Нека ни се множат ваквите убави приказни, создадени од детски срца и исполнети со благодарност!
ООУ „Вера Циривири-Трена“ – Скопје








Поврзани содржини