Технологијата и учењето
Технологијата е сè поприсутна во секојдневниот живот и претставува една од најголемите придобивки на денешницата, но истовремено и еден од најголемите предизвици во родителството. 🌐👨👩👧👦
Дали, кога, колку и каква технологија да допуштат родителите и како да ја ограничат употребата беа прашања за кои се разговараше на синоќешната работилница за родители што се одржа во ООУ „Вера Циривири-Трена“. 🏫💬
Родителите си заминаа со сознанија за механизмите на дејствување на технологијата и влијанието врз развојот на децата, последиците од прекумерното користење на технологијата, и како да се постават и да дејствуваат во секојдневните ситуации со децата. 💡🧠📋
Работилницата ја водеше д-р Соња Китановска-Кимовска, универзитетски професор, едукатор за родители и автор на книгата „Разбуди го родителот во себе“. 👩🏫📚
Горди сме што нашето училиште дава простор за отворен дијалог и размена на знаења и искуства за оваа актуелна општествена тема. ✨🤝🌟







Поврзани содржини