Учество на ANNEX_YU регионална конференција

Во периодот од 4 до 7 април 2024 година, наставникот-ментор Дивна Карапанчева, како основач на Креативен центар Карпош, беше дел од шестата регионална конференција ANNEX_YU под мотото „Светот на образованието ги брише границите“. 🌍📚✨

На конференцијата, на која беа присутни наставни кадри од сите земји од поранешна Југославија каде се промовираше концепзот на среќно учење, таа ги претстави работилниците за среќно учење заедно со своите креативци. 💡🎓

Во склоп на конференцијата, таа беше дел и од Саемот на образование, каде ги промовираше своите иновативни практики и на својот интерактивен штанд прикажа дел од атмосферата на работилниците од нашето училиште ООУ „Вера Циривири – Трена“. На овој начин имаше можност достојно да ја претстави работата на нашето училиште и дел од организираните активности. 🏫🌿

Дополнително, наставничката Дивна зеде учество и на „Балканската зборница“, каде меѓу различните споделени искуства особено се истакна со искуствата од работилниците организирани во нашата Стаклена градина, со што целосно го придоби вниманието на присутните. 🌱💬

Круна на овој настани беше доделувањето на престижната титула „Најбољи наставник бивше Југославије“ на наставничката Дивна Карапанчева. 🏆🌟

Оваа конференција претставуваше одлична можност да ги истакнеме и споделиме стекнатите искуства и знаења, да го презентираме нашиот начин на позитивно и среќно учење и да поттикнеме уште многу млади ученици кон истражувачка работа. Во рамките на настанот во Бања Лука 2024, остварени се и важни договори за идни вмрежувања и соработки со други учесници. 🤝🎉

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.