Улогата на наставниците и стручната служба
Учениците – членови на Клубот за превенција на насилство, под менторство на училиштниот психолог, реализираа работилница на тема „Улогата на наставниците и стручната служба“, насочена кон подигнување на свесноста за значењето на навременото препознавање и пријавување на врсничкото насилство, како и важноста на барањето помош и поддршка.
Преку интерактивни активности, дискусија, анонимно споделување и разрешување на дилеми поврзани со пријавувањето насилство, како и анализа на конкретни ситуации, учениците ги преиспитаа постојните стереотипи и ги разграничија митовите од фактите. Истовремено, се запознаа со улогата и начините на постапување на наставниците и стручната служба во обезбедувањето поддршка и заштита на учениците.
Како завршна активност, изработивме постер на тема „Кому и како да се обратам при врсничко насилство“, со цел да ги поттикнеме учениците навремено да побараат помош и да придонесат кон создавање безбедна и поддржувачка училишна средина.
💚 Барањето помош е знак на храброст, а пријавувањето насилство е чекор кон училиште без насилство!








Поврзани содржини