Животот со аутизам има вредност
,,Животот со аутизам има вредност’’
2 Април – Светски ден на аутизмот
Учениците, специјалниот едукатор и рехабилитатор и образовните асистенти неделата за подигнување на свесноста и прифаќањето на аутизмот ја обележаа преку активности и ја пренесоа пораката за прифаќање и почитување на лицата со аутизам.
Активноста ,,Обрач на заедништвото’’ не потсетува дека сите сме дел од една целина и дека сите заедно сме посилни. Со ,,Една добра постапка’’ развиваме емпатија и грижа.
,,Нашиот шарен свет – почитувам различности’’ ни покажува дека токму различностите го прават светот поубав и поинтересен.
Различни, но еднакво вредни – заедно градиме инклузивно општество.’’







Поврзани содржини