Category Archives: Активности
МИО дружење под мото „Нашата традиција – наша иднина“
Во духот на заедништвото и мултиетничката интеграција во нашето училиште на 24.12.2021 год. се одржа заедничка работилница со збратименото училиште„Братство“. Истата беше реализирана под мотото „Нашата традиција – наша иднина“. Воедно беа реализирани повеќе активности како: декорирање народни мотиви и носии од двата етникума, ткаење, пишување пораки на повеќе јазици, народни танци од двата етникума.
Сето тоа беше финализирано со заедничка новогодишна порака за љубов, мир и соживот.
Меморандум за соработка со Институтот за европски образовни, социо-културни и економски политики ЕВРОПА ЗА ТЕБЕ
На ден 07.12.2021година, ООУ"Вера Циривири-Трена" склучи Меморандум за соработка со Институтот за европски образовни, социо-културни и економски политики ЕВРОПА ЗА ТЕБЕ Скопје.
Целта на соработката е да се изгради партнерство во спроведување на конкретни проектни активности со намера да се остварат заеднички цели преку реализирање на взаемни проекти во сферата на образовниот, економскиот, социо-културниот и општествениот живот.
Учество на филмски фестивал Џифони
Од 7-11 октомври 2021 год. се оддржува деветтото издание на филмскиот фестивал, Џифони Македонија.
На денешната филмска проекција ''Space Boy'' (2021), присуствуваа ученичките Јана Ѓорѓијевска и Милена Рангелова од 7б одделение, заедно со наставничката Кристина Николовска-Велковска. По гледање на филмот, учесниците се вклучија во дискусија за истиот, како што и развиваа креативни вештини во ликовната и мјузикл работилница.
Добре ни дојдовте првачиња
На ден 1. 09.2021г нашето училиште свечено ги прими првоодделенчињата .Топло добредојде од директорот на училиштето Светлана Шајноска , сите ученици , наставници и стручна служба .
Активности во нашата Еко – градина

Денешниот час по македонски јазик со наставна содржина ,,Говорни игри – ЛОТО сообраќајни средства” Iа одделение го реализираше во новата ЕКО ГРАДИНА во функција на ЕКО УЧИЛНИЦА.Учениците треба да погодуваат сообраќајни средства според даден опис на средството.Улогите за опишување и погодување на сообраќајните средства наизменично се менуваа.Целта на часот преку играта лото учениците да се запознаат со видовите сообраќајни средства беше целосно остварена.
ЧАС НА ОТВОРЕНО-МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

Денешниот час по македонски јазик го одржавме на отворено,во училишниот двор.Наставната содржина е ,,Од збор состави реченица”.
Цел на часот – Да умеат од даден збор да состават реченица.
Учениците се наредени во круг.Првиот ученик кажува збора последниот од тој збор составува реченица.Потоа последниот ученик кажува збор вториот составува реченица итн.Секој ученик кажува збор и составува реченица.
Министерката Царовска во посета на нашето училиште

Градоначалникот Стефан Богоев и министерката за образование и наука Мила Царовска беа во посета на ООУ "Вера Циривири – Трена" од каде ја промовираа новата услуга за упис на првачиња по електронски пат. Со пофални зборови се говореше за еко – училницата во училиштето и новата која што е во изградба.
Градиме пристапни училишта за ученици со аутизам
По повод одбележување на Неделата за подигнување на свесноста за аутизам на тема,, Градиме пристапни училишта за ученици со аутизам" вработените и учениците во ООУ ,,Вера Циривири – Трена" го изработија симболот на бесконечност и изработија брошура со слики и пораки со цел заеднички да изградиме училишта пристапни за учениците со аутизам.
#OURCZlatanSremec #Autismfriendlyschools #oouveraciriviritrena