Category Archives: Активности

80 годишнината од смртта на големиот Кузман Јосифовски – Питу

На 25 февруари 2024 на 80 годишнината од смртта на големиот Кузман Јосифовски – Питу , на настанот организиран од Сојузот на борците од општина Карпош во библиотеката Другарче присуствуваа и учениците од нашето училиште заедно со наставничката по историја

Насилството треба да престане веднаш

Уште еден придонес во градењето на позитивна слика за себе, преку интерактивни работилници реализирани од Деспина Стојановска – психолог и психотерапевт, Јана Момировска- представник од Макпетрол. Учениците од ООУ”Вера Циривири-Трена” Скопје ( од6-9 одделение) ги проширија своите вредности, одговорности и ставови дека” Насилството треба да престане веднаш”! Секое негово продолжување носи трајни последици.

Со поддршка на Макпетрол и ние го кренавме гласот против врсничкото насилство.

Општински натпревар по Биологија

Учениците од ООУ “Вера Циривири – Трена” на 16 февруари 2024 година, под менторство на наставничката по Биологија Дивна Карапанчева земаа успешно учество на натпреварот по Биологија за учебната 2023/24 година на општинско ниво. Натпреварите беа организирани онлајн при што менторите беа задолжени за спроведување на натпреварот во училиштето. Од учениците, 17 ученика се рангирани да продолжат на регионалните натпревари. Учениците го завршија општинскиот натпревар со следните успеси:

VII одделение

·        Александра Димитрова – I награда

·        Елена Спировска – II награда

·        Анастасија Анѓелеска – III награда

·        Матеј Сиваков – III награда

·        Ангела Стојаноска – III награда

·        Дариа Вон Дер Форст – Пофалница

·        Исидора Димитријевиќ – Учество

IX одделение

·        Андреј Гацоски – I награда

·        Ема Маневска – I награда

·        Марија Мирческа – II награда

·        Андреа Паскалова – II награда

·        Илина Милановска – II награда

·        Дамјан Анчески – II награда

·        Инес Ангелов – III награда

·        Хелена Петровска – III награда

·        Јана Ѓорѓијевска – III награда

·        Леонтина Илиќ – Пофалница

·        Сара Ставреска – Пофалница

Соработка со родителите

Како плод на одличната соработка со родителите, денес на 14.02.2024 година учениците од IVб одделение ја посетија фабриката ЖИТО ЛУКС. При тоа се запознаа со процесот и технологијата на производство на леб – од замесување тесто до готов производ. Учениците воедно дегустираа топло парче леб и го оценија неговиот квалитет. Со ова ги продлабочија стекнатите знаења за стопански дејности и нивната поврзаност. За крај добија скромни подароци од домаќините.

Взаемната соработка продолжува.

Проектот ,,Заживување на францускиот јазик во Република Македонија“

Нашето училиште ,,Вера Циривири-Трена“ е едно од неколку училишта во Македонија кое е во проектот ,,Заживување на францускиот јазик во Република Македонија“. Љубовта кон францускиот јазик наречен ,крал на јазиците“ отсекогаш постоела и се одржувала кај учениците од нашето училиште

Учениците од Vа и Vб одделение, под раководство на одделенските наставнички Маја Чинго и Сузана Аспровска се вклучени во проектот и во текот на изучувањето постигнуваат завиден успех. На 30.1.2024 година одржаа работилница под раководство на наставничката по француски јазик Александра Ристовска на тема ,,Главните француски откритија во новото време“. Со голема заинтересираност, љубопитство и ентузијазам учениците ги продлабочија своите знаења од областа на културата, природните науки, медицината, техниката. Работилницата која беше интерактивна беше проследена со голем интерес од страна на учениците а и од нас присутните. Се надеваме дека во иднина ќе продолжат овие интересни работилници со цел продлабочување на знаењата и внесување на љубов кон францускиот јазик кај учениците.

Активности на новинарскиот клуб

Општински натпревар по математика

Резултати од општински натпревар по математика одржан на 2.02.2024година

Име и презимеОддМенторНагради
Милан Димковски4Анита Петровска(2 награда)
Марко Цоковски4Анита Петровска(пофалница)
Виктор Ѓорѓиевски4Ана Видоевска -Динева(2 награда)
Димитар Спасов5Сузана Аспровска(2 награда)
Матеј Маневски5Сузана Аспровска (пофалница)
Арсениј Манов5Маја Чинго (3 награда)
Марта Доновска5Маја Чинго(3 награда)
Андреј Богоевски5Маја Чинго (2 награда)
Дарјан Докузовски5Маја Чинго(3 награда)
Јана Ставревска5Маја Чинго(1 награда)
Весна Филиповска5Маја Чинго(2 награда)
Дамјан Сиваков6Јасмина Сретеноска(2 награда)
Тамара Нестороска6Јасмина Сретеноска(1 награда)
Меланија Симјаноска7Гордана Ѓорѓиевска(3 награда)
Александра Димитрова7Гордана Ѓорѓиевска (3 награда)
Матеј Сиваков7Гордана Ѓорѓиевска(1 награда)
Матеа Мирческа8Јасмина Сретеноска(2 награда)
Стефан Кимовски9Гордана Ѓорѓиевска(пофалница)
Нина Пандова9Гордана Ѓорѓиевска (пофалница)

Пофалени ученици од Наставнички совет за прво полугодие 2023-2024

  1. Антонија Лола    6а
  2. Јана Андреевска   6б
  3. Александра Димитрова  7а
  4. Матеј Сиваков  7б
  5. Ангела Стојановска   7б
  6. Калина Добреска   8а
  7. Михаил Георгиев  8а
  8. Андреа Паскалова  9б
  9. Зои Голчева   4в
  10. Марио Ефремов  4в
  11. Милан Димковски  4а
  12. Калина Крстевска  4а
  13. Вук Периќ  4б
  14. Симона Крстевска  4б
  15. Јана Ставревска   5а
  16. Арсениј Манов   5а

Ја испраќаме старата година

Ја испративме старата година со весели лица, песна, глума и игра која побуди насмевки и восхит кај секој од нас. Разиграните срца ни ветија нова позитивна енергија , љубов, среќа и поголеми успеси во Новата 2024.

Среќна Нова година!

Работилница Стаклена градина

На 23 декември домаќин на работилница беше токму нашата Стаклена градина со ученици од повеќе училишта од општина Карпош. Организирана од страна на наставник ментор Дивна Карапанчева, заедно со КЦК и учениците од биолошката секција на нашето училиште, учениците имаа можност да научат повеќе за историјата на стаклените градини, да се запознаат со најпознатите стаклени градини како и да ја слушнат приказната за нашата стаклена градина. Учениците имаа можност да се дел од различни активности како правење мини стаклени градини од рециклиран материјал и правење на терариум, додека паралелно во предновогодишна атмосфера учениците беа дел од активностите на правење новогодишни украси од природни материјали и лампиони ирваси од шишарки, како и новогодишни икебани и садење на божиќна пченица. Со оваа работилница ја затворивме сезоната 2023та на учење преку пракса во нашата стаклена градина, и најавуваме уште повеќе разновидни работилници во новата 2024 година.