Category Archives: Натпревари

Резултати од општински натпревар по Англиски јазик 24.03.2018

Ивана Димитрова VII одд – I (прво место) со освоени 99 поени

Андреј Николов VI одд – I (прво место) со освоени 98 поени

Натпреварот е организиран од Асоцојацијата на наставници по Англиски јазик ЕЛТАМ на Р. Македонија 

Успешно учество на настанот Ноември – месец на науката 2017 год.

    На 11.11.2017 и 18/19.11.2017 се одржа настанот Ноември – месец на науката организиран од страна на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија во соработка со Македонско биолошко друштво, Друштво на физичарите на Р.Македонија, Македонското географско друштво, Македонското астрономско друштво, Скопското астрономско друштво, Македонското еколошко друштво и Природно – математичкиот факултет. Тоа е манифестација за популаризација на природните науки која вклучува повеќе настану: научно – популарни предавања, натпревар во демонстрации и експерименти од ученици, работилници, посета на лаборатирии на ПМФ и други активности.

   Активното учество на овие настани, учениците од ООУ ”Вера Циривири – Трена”, општина Карпош, го докажаа со учествување и изработување на експерименти по предметите Биологија, Природни науки и Хемија. На настанот учествуваа ученици од V одделение до IX одделение.

          Под менторство на наставникот по Биологија и Природни науки – Дивна Карапанчева, учениците од VII одделение освоија две трети награди и учениците од IX одделение освоија две трети награди по предметот Биологија. На настанот учествуваа и учениците од V одделение и VI одделение по предметот Природни науки кои успешно учествуваа со претставување на своите експерименти.

   Под менторство на наставникот по Хемија – Валентина Пешевска, учениците од VIII одделение ги освоија втора и трета награда, а учениците од IX одделение освоија трета награда.

           Успешното учество, учениците и менторите го крунисаа со добиени сертификати, дипломи и награди.IMG-e3746f90d5134d6941dfa19cc35d8102-V IMG-e21a37a1a93014285e4a728863370dac-V IMG-e2e2edd78e6c1617fc53091d5af7e16f-V IMG-342d70ea60fcfa8fa89e96f588154549-V IMG-6f29f2627f7d16cc7ce2030f20fa53fd-V

 

ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИ НА ЧЛЕНОВИТЕ НА ПРВИОТ ВИКИ – КЛУБ ВО МАКЕДОНИЈА

По повод роденденот на глобалната слободна енциклопедија Википедија, на 17 јануари во салата на Порта Македонија беа доделени првите награди на активните членови од првиот вики-клуб во Македонија.

Меѓу наградените со прва награда за најдолга статија беше награден ученикот Мартин Несторовски од 8-б одд, и за поголем број напишани статии ученичката Исидора Хенниг од 8-б одделение. Нашите ученици исто така се дел од Вики – клубот кој се формираше на 19 октомври 2016 година, со цел обука за пишување статии на Википедија на македонски јазик, зголемување и дополнување на бројот на статии од различни области интересни за учениците.

Тие работат под менторство на обучени википедијанци, кои покрај обуката кај учениците создаваат можност за учење на правилно изразување, правилен превод од други јазици, новинарско известување со факти или преку проверливи извори и сето тоа направено преку групна и индивидуална активност.

Образовен координатор за проектот ВИКИ – КЛУБ-ови во Македонија е нашиот проф. по македонски јазик  м-р Матилда Бајкова, во состав на Здружението на граѓани за умножување слободни содржини ГЛАМ Македонија. Инаку, овој проект е создаден како продукт на соработката на ГЛАМ Македонија и НУ Музејот на македонската борба, како дел од проектите наменети за едукација на учениците од основните, средните училишта , но и на студентите.   

Клубот работи во просториите на музејот на македонската борба – Скопје и има работилници кои се бесплатни и отворени за учениците, секоја среда од 15-18 часот. Вики – клубот има активности во текот на целата календарска година.

Членовите на ВИКИ – клубот од училиштата од општина Карпош, на 1-ви декември 2016 година, зедоа учество во првата тематска работилница, а тема беше ОПШТИНА КАРПОШ. Врз основа на податоците добиени од вработените во општината, младите википедијанци од основни училишта од општината: ООУ „Вера Циривири – Трена“, „Аврам Писевски“ с. Бардовци и „Јан Амос Коменски“, ја дополнија и збогатија статијата за општина Карпош на Википедија на македонски јазик со што дадо свој глобален придонес по повод 40 години од постоењето на општина Карпош.

image6 image5 image4 image2 (2) image1