Monthly Archives: октомври 2018

Математика на дофат

На 29 октомври, учениците од 6-то до 9-то одд  ја посетија интерактивната изложба "Математика на дофат", во просториите на Кинотека на Македонија. 
Изложбата ја организира Институтот „Гете“ во соработка со „Математикум“ од Гисен, првиот интерактивен музеј за математика во светот. Станува збор за патувачка изложба, која во просториите на Кинотека на Македонија е поставена од 4 до 30 октомври.

Учениците имаа можност сетилно да се дружат со математиката преку сложувалки, градење мостови, мисловни игри, 3Д форми од сапуница…

Математиката целосно го освои нивното вниманиемат1 мат2 мат3 мат4 мат5 мат6 мат7 мат8 мат9 мат10

Патување во младото камено време – локација Тумба Маџари

Главните актери на оваа археолошка авантура се учениците од ООУ „Вера Циривири – Трена“ и учениците од ООУ „Братство“ – општина Карпош, која се оствари на 26ти октомври.

МИО партнерство кое верно и активно трае 5 години!

Учениците не само што ја посетија реконструираната неолитска населба Тумба Маџари каде слушаа за животот на неолитските предци, туку после ужината, на топлото есенско сонце, своите впечатоци тие ги изразија преку уметничко творење – сликање, моделирање… 

Целта не беше учениците само да добијат информација за далечното минато, туку пред сѐ, да ги вклучат сите сетила во стекнување на целокупно опипливо знаење (Видов, слушнав, научив/направив).

Што видовме таму? (види фотографии)

Секоја фотографија од овој ден делумно ја прикажува убавината на тој необичен неолитски свет…но ова е само почеток, планираме да оствариме работилници и други посети на објекти/споменици од културното наследство во Скопје, оттаму и насловот „КалеидоСкопје“, како метафора на калеидоскопот кој се состои од многу различни бои, обрасци или форми алудирајќи на богатото скопско мултикултурно милје.

Затоа останете поврзани со нас! Следете не!mio1 mio2 mio3 mio4 mio7