Daily Archives: декември 3, 2018

Центар за храна

На 20 ноември оваа година младите биолози, производители на храна во Центарот за храна кој се наоѓа во нашето училиште, ООУ „Вера Циривири – Трена“, ги собраа плодовите од последната реколта од оваа година, што ни го овозможи убавото време во овој период од годината. Под будното око на Лазе, Томе и наставничката Дивна произведени се семиња од краставички кои ќе ги чуваме за наредната сезона, тиквици како и зелка, брокула и карфиол. Учениците кои беа вклучени во работата на Центарот за храна се насладуваа на вкусните, миризливи штотуку набрани зелки и карфиол од градината, произведени без хемиски средства. Набраните тикви ќе ги искористиме за докажување на присуство на јаглехидрати, скроб и ќе изолираме ДНК во нашата хемиска лабораторија. Во наредниот период ќе ја подготвуваме градината за престојната сезона.