Monthly Archives: март 2024

Одбележавме Светскиот ден на Даунов синдром

Различностите во нашето сакано училиште ги прифаќаме и затоа тоа не прави да бидеме добри луѓе .

21 Март датум кој симболично е одбран поради трите копии на 21 хромозом на овие лица.

По тој повод денеска го одбележавме Светскиот ден на Даунов синдром.

Лица кои знаат да сакаат безусловно онака како што би требало да сакаат сите.

Одбележување на денот на водите

Како и секоја година така и оваа, учениците од IVа одделение, како и учениците на часовите по биологија и природни науки, со задоволство го означуваат 22 Март-меѓународниот ден на водите. Водата е извор на живот. Денес ги повторивме знаењата и ги проширивме за уште многу факти за кои предходно истражувавме. Го знаеме значењето на водата и затоа и понатаму ќе се грижиме за неа.

Одбележување на денот на екологијата и пролетта

21 Март – Денот на екологијата и пролетта, учениците од нашето училиште го одбележаа со еко- активности заедно со своите наставници. Се садеа сезонски градинарски цвеќиња во Еко градината, се засадија донирани дрвја- Туји, од Елколект и наши соработници од локалната заедница. Се чистеше и се обновуваше зеленилото околу училиштето, се поттикнуваше еколошката свест кај жителите преку Еко- пораки од учениците кои ги делеа на минувачите, а од кои изработија и постер како допринос кон чиста средина и здрав живот. Задоволните лица на учениците и наставниците, чистиот двор и новите садници е мала промена за заеднички да го намалиме загадувањето и да живееме во поздрава животна средина.

Меѓународниот натпревар по математика КЕНГУР 2024

На ден 21.03.2024 во нашето училиште се организираше меѓународниот натпревар по математика КЕНГУР 2024.Одговорен наставник за организација и реализација на натпреварот беше Анита Петровска.На натпреварот земаа учество 64 ученика од II до V одделение.Натпреварите по математика секогаш се предизвик за нашите ученици,за проверка на сопствените знаења и развивање на натпреварувачки дух кај учениците.

Општинскиот натпревар по Англиски јазик

На 16.03.2024 година, во ООУ,, Кирил Пејчиновиќ” – Кисела Вода, се оддржа општинскиот натпревар по Англиски јазик, каде учениците од ООУ,, Вера Циривири-Трена”, под менторство на наставничките Александра Чочевска и Кристина Николовска-Велковска, го постигнаа следниот успех:
Димитар Спасов од V одд. – I место со освоени 92 поени
Калина Ачкоска од VI одд. – III место со освоени 68 поени
Александра Димова од VII одд. – I место со освоени 97 поени
Ангела Николиќ од VIII одд. – III место со освоени 78 поени
Ема Маневска од IX одд. – II место со освоени 88 поени

Час по Франкофонија – Белгија

Месец март е месец на Франкофонијата во сите земји членки на Франкофонијата. Во чест на Франкофонијата под покровителство на Француската амбасада и Францускиот културен центар, во Македонија има многу активности, организирање натпревари, разни приредби, месец на франкофонски филмови во кој се претставуваат филмови од различен жанр.

Што претставува франкофонската организација? Каде се наоѓа Белгија? Кој е главен град на Белгија? Кој јазик се зборува? Од каде се стриповите Луки Лук, Снупи, Штрумпфови? Каде се наоѓа Атомиумот? Каде се наоѓа седиштето на Европскиот парламент? Како е создадена скулптурата ,,Детето што мокри“? Како се прави најубавиот помфрит во светот? Кој има најубаво чоколадо во светот? Кои се други белгиски специјалитети?

Денес, 18.3.2024 година, во ОУ „Вера Циривири-Трена“ на учениците од Vа, Vб, IVв одделение, под раководство на наставничките Сузана Аспровска, Маја Чинго и Соња Силјановска им беше испишана бајка за Белгија. Бајката за Белгија им ја создаде почесниот конзул на Белгија госпоѓа Елена Никодиновска. Госпоѓа Елена Никодиновска со голем елан и жар им ја претставуваше Белгија со сите свои особини и квалитети. Учениците беа заинтересирани и секоја информација ја слушаа со голем интерес. Потоа, на презентацијата се приклучи и познатиот гастрономски шеф Марк де Јонг кој учениците го препознаа од малите екрани. Марк де Јонг учествуваше неколку години во својство кулинарски шеф во квизот ,,Брза кујна“ и секако беа воодушевени од неговото присуство.

Исто така, беше присутна и наставничката по француски јазик Силвана Јорданова и директорката на училиштето Светлана Шајновска. Учениците беа среќни и задоволни од презентацијата и посакаа и другпат да има вакви слични презентации.

Младите биолизи и тајните на пиротехниката

Вообичаено, активностите на Креативен Центар Карпош се одвиваат претпладне, но оваа саботна приквечерина младите биолози заедно со наставничката Дивна Карапанчева беа угостени од нашиот долгогодишен аниматор и пријател, професорот Мето од Институтот за хемија при Природно Математичкиот Факултет во Скопје. Тој е “виновникот” за најголем дел од визуелните и звучните пиротехнички ефекти на македонската филмска и театарска сцена. Тој со креативците на 16.03 сподели дел од својот светлечко-пукачки репертоар користејќи најразличи материјали и направи. 

На почетокот тој во амфитеатарот ги запозна учениците со основите на пиротехниката демонстрирајќи експерименти во кои користеше барут и нитроцелулоза. Потоа се префрлија во неговата лабораторија во која под негов надзор сите ученици правеа светлечко-пукачки експерименти кои продолжија во ходникот. Оваа спектакуларна ноќ  заврши со мини-огномет на отворено кој тие го набљудуваа од библиотекатата. 

Oпштински натпревар по хемија

Извештај за одржаниот општински натпревар по хемија на ден 23.02 2024

На општинскиот натпревар по хемија  постигнати се следнивем резултати:

Андреј Гацовски  9/б  1 награда

Хелена петровска 9/а  1 награда

Андреа Паскалова 9/а  пофалница

Нина Пандова 9/а пофалница

Јана Ѓоргиевска 9/б  пофалница

 Милена рангелова 9/б  пофалница

Давид Тасиќ  9/б  пофалница

Тара Ефендилер 8/б пофалница

Мила Анчева 8/б  пофалница

                                             Наставник :Валентина Пешевска