Учество на ANNEX_YU регионална конференција

Во периодот од 4ти до 7ми април 2024 година, наставник ментор Дивна Карапанчева како основач на Креативен Центар Карпош беше дел од шестата ANNEX_YU регионална конференција под мотото Светот на образованието ги брише границите. На конференцијата на која беа присутни наставни кадри од сите југословенски држави каде се промовираше Среќно учење, ги претстави работилниците на среќно учење со своите креативци.

Во склоп на конференцијата, беше дел од Саемот на образование каде ги промовираше своите иновативни практики на среќно учење и на својот интерактивен штанд покажа дел од атмосферата на нашите работилници во ООУ Вера Циривири – Трена. Имаше можност да ја претстави работата на нашето училиште и да претстави дел од работилниците кои ги имаме организирано. Дополнително, наставничката Дивна се претстави и на „Балканската зборница„ каде помеѓу различните споделени искуства, се истакна со искуствата од организираните работилници во нашата Стаклена градина и целосно го примами вниманието на присутните. Конференцијата продолжи и со доделување на титулата Najbolji nastavnik bivše Jugoslavije на наставничката Дивна Карапанчева.

Оваа конференција всушност претставуваше можност да ги истакнеме и споделиме стекнатите искуства и знаења, да го претставиме нашиот начин на позитивно и среќно учење и да поттикнеме уште многу млади ученици кон истражувачка работа, при што се договорија вмрежувања и соработка со други учесници на конференцијата Бања Лука 2024.