Работилница со талентирани и надарени ученици
Се реализираше работилница со талентирани и надарени ученици, на која учениците работеа во групи и креираа прототипи и концепти за нови продукти и идеи, под водство на училишниот психолог.
Преку тимска работа, дискусија и креативен процес, учениците имаа можност да ги изразат своите идеи и да понудат иновативни решенија.
Целта на работилницата беше поттикнување на креативноста и иновативното размислување, како и развивање на вештини за соработка и решавање проблеми.
Учениците покажаа голема ангажираност, оригиналност и мотивираност за работа 💡🧠📎





Поврзани содржини