Посета на Собрание 21 04 2026

Посета на Собрание

На ден 20.04.2026 година активот на четвртите одделенија при ООУ „Вера Циривири – Трена”, под менторство на одделенските наставници Кристина Несторовска и Мартин Стефановски, како и образовниот асистент Зорица Михајлоска, го посетивме Собранието на Република Северна Македонија 🏛️.
За време на посетата имавме можност да научиме како функционира оваа институција и која е нејзината улога во државата 📚. Ни беше објаснето дека Собранието е законодавен орган каде што се носат законите ⚖️. Исто така, дознавме дека пратениците дискутираат и одлучуваат за важни прашања поврзани со државата 🗳️. Имавме можност да ја видиме салата каде што се одржуваат седниците и да слушнеме повеќе за начинот на работа на пратениците, како и другите сали и кабинети на дел од вработените во Собранието 👀.
Посетата беше многу корисна и едукативна, бидејќи ни овозможи практично да го согледаме функционирањето на една од најважните институции во државата ✅✨.

Вера Циривири Лого 200
Политиката на приватност

Како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе