Подготовки за Фестивалот на биодиверзитет

На 3 октомври 2026 година, на Фонтаната во Градскиот парк, ќе се одржи Фестивалот на биодиверзитет, во чии активности ќе учествуваат и учениците од ООУ „Вера Циривири-Трена“ – Општина Карпош.

Како дел од подготовките за фестивалот, денес учениците од IV и VII одделение се запознаа со активностите што ќе се реализираат во Slow Food едукативното катче.

Нашата Василка Стефановска ги сподели своите искуства, знаења и придобивките од активно вклучување во активностите предвидени во програмата на Slow Food „Едукација за одржлива иднина“.

Координатор на активностите во нашето училиште е наставничката м-р Матилда Бајкова, која долги години активно работи на едукација на учениците преку концептот на Slow Food училишни градини, стекнувајќи значајно искуство во реализација на активности поврзани со одржлива храна, биодиверзитет, заштита на природата и одржлив развој.

Преку Slow Food училишните градини, учениците имаат можност да учат преку непосредно искуство, да ја запознаваат природата, традиционалните сорти и значењето на локалната и одржливата храна, но и да развиваат одговорен однос кон животната средина.

Со знаење, љубопитност и заедничка работа, чекор по чекор создаваме одржлива иднина за нашите ученици и нашата заедница.

🌱 Се гледаме на Фестивалот на биодиверзитет на 3 октомври!

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.