Европска ноќ на истражувачите
На 25.09.2026 г. ја одбележавме Европската ноќ на истражувачите. Машинскиот факултет и останатите технички факултети ги отворија вратите на своите лаборатории за да им ги доближат науката и истражувањето на младите. 💡
👩🔬 Учениците од предметна настава од нашето училиште, предводени од наставничките Дивна Карапанчева, Ана Кралевска, Гордана Ѓорѓиевска, Јасмина Сретеновска и Ленка Ѓорговска, беа дел од овој одличен настан!
Тие имаа ретка можност да:
🔹 Ги посетат лабораториите на Машинскиот факултет.
🔹 Се запознаат со врвната опрема и експерименталната работа.
🔹 Ја разгледаат изложбата на студентски проекти „Project Hub“.
🔹 Го посетат ЕУ катчето „Истражување, наука и иновации“.
Се гордееме со нашите љубопитни ученици и посветениот кадар кој континуирано вложува во нивната инспирација! 🌟


















Поврзани содржини