Ученичка квизотека 2026
Одличен успех на нашите ученици! 🏆
На ученичката квизотека, која традиционално ја организира ЈУ „Детски културен центар – Карпош“, учествуваше и нашето училиште.
На првиот круг, одржан на 10.11.2026 година, Антонија Лола Ефремова од IX-а, Донка Китанова од IX-б и Дарјан Докузовски од VIII-а освоија прво место и обезбедија пласман во вториот круг. Учениците се подготвуваа под менторство на наставничките Дивна Карапанчева, Александра Чочевска и Ана Кралевска.
Им честитаме за постигнатиот успех и им посакуваме многу среќа и успех во вториот круг! Благодарност и до нивните менторки за поддршката и посветеноста.















Поврзани содржини