Палачинки и вафли од рацете на седмоодделенците

Денес на часот по изборниот предмет „Готвење“ учениците од VII-в одделение, заедно со наставничката м-р Матилда Бајкова, подготвуваа палачинки и вафли.
Додека наставничката им покажуваше како се прави смесата, учениците внимателно следеа и разговараа за состојките, за тоа како се мешаат и како да препознаат кога смесата е подготвена. Потоа и самите се вклучија во секој чекор. При украсувањето секој имаше можност да ја покаже својата креативност, па палачинките и вафлите добија личен печат.
На крајот учениците заедно ги измија садовите. Така, од подготовката на смесата до последниот измиен сад, тие научија нешто што можат да го применат и во сопствената кујна. А судејќи по насмевките со кои си заминаа, овој час ќе го паметат и по задоволството од она што го направија со свои раце.

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.