Во поход на нови знаења и вештити од напредната технологија
На 14.05.2025 год е реализирана уште една во низата успешни соработки со родители. Учениците од V a одделение во соработка со проф. др Виктор Илиев во посета на Машинскиот факултет и ФЕИТ во поход на нови знаења и вештити од напредната технологија. Беа посетени лебораторијата за Аеродинамика и Механика на флуиди, лабораторија за Мехатроника, лабораторија FAB LAB за 3D дизајн и принтање а беа и дел од натпреварот по роботика RoboMac junior 2025. Збогатени со нови знаења, поставени пред нови предизвици, чекориме по патот на успехот.
https://www.mf.ukim.edu.mk/