Нела има 13 години и е од Скопје, поседува извонредни вокални способности, музичка зрелост и исклучителна сценска присутност. Наградувана е на повеќе меѓународни музички натпревари, со што уште еднаш се потврдува квалитетот на нејзиниот глас и нејзината посветеност на музиката…
Со голема чест и гордост ја информираме јавноста дека годинашна претставничка на Македонија на Јуниорскиот Евросонг 2025 ќе биде младата и талентирана Нела Манческа. Овој престижен музички натпревар ќе се одржи на 13 декември во Тбилиси, Грузија.
Нела има 13 години и е од Скопје, поседува извонредни вокални способности, музичка зрелост и исклучителна сценска присутност.
Наградувана е на повеќе меѓународни музички натпревари, со што уште еднаш се потврдува квалитетот на нејзиниот глас и нејзината посветеност на музиката.
Со својот талент и харизма Нела има капацитет достојно да ја претстави Македонија и да го привлече вниманието на европската публика.
Убедени сме дека Нела ќе се претстави во најдобро светло и со својата изведба ќе ја донесе магијата на македонската музика на најгледаното телевизиско музичко шоу во Европа.
Повеќе детали за песната, тимот и подготовките ќе бидат споделени наскоро.
Јавноста и фановите се повикани да ја поддржат Нела на нејзиниот пат кон Јуниорскиот Евросонг 2025!
фото: Владимир Георгиев